бев (гл.) - модри (гл.)

3 Наутро се откажаа од патот кашличавиот Осип Сечковски и Трипун Караѓоз. Беа модри, облеката на нив висеше како на танк и разнишан крст.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ние го одболуваме ќотекот - рече постариот и ја подигна кошулата. Плеќите му беа модри.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нозете и рацете ми беа модри, грбот ме болеше како скапан, а од муви не можевме да се одбраниме.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Го подигнавме чаршавот со кој беше покриен, нозете ти беа модри.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И небото и таа земја, врзани со линијата на ридот зад урнатиот манастир, немо ги слушаа сите наши болки зашто беа свикнати на човечки мачења какви што беа нашите - само небото во тие мигови можеше да знае кој и како умира на земјата, тоа небо на светци со мртво лице на еден мртов Јаков Иконописец и таа земја во чии мочуришта живеат острозаби чудовишта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А рацете твои, немаше место во вените кајшто не беше боцнат, целите беа модри и отечени.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Знам само дека, кога почнавме да се спуштаме, под нас најпрво забележав густи шуми, а од што беа густи изгледаа не како да се зелени, туку беа модри, темни, како што е водата во Охридското Езеро ако се оди во длабочините со чамец, ама секогаш по малку се плашам кога ќе се оддалечиме премногу од брегот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)