бев (гл.) - мине (гл.)

Заслужени зборови му беа искажани и од многумина вработени во Архивот со кои беше минал долги години заедничка работа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Потпрен на бастунот, го беше минал патот од креветот до работната маса.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Последните сончеви зраци на денот проигруваа над извишената тврдина Кале од другата страна на реката, под Еврејското Маало.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Стар пајтон, кој беше минал многу времиња на градот, со ритмичниот топот на снажниот коњ, минуваше крај нив.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа што остана во тавата од син ти, - лутината на Анѓа сѐ уште не ѝ беше минала.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мисата ја водеше Дон Симон Јубани, кој беше минал 26 години од животот во затвор.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, набргу, кога последните плашливи чекори замолкнаа пред слухот, бесот веќе беше минал низ мене.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Дедо беше минал повеќе од половина живот во Отоманското Царство и не познаваше граници какви што никнаа за време на Балканските војни.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Беше минал низ неколку амбасади.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Иако беа минале години, јас го познав погледот – тоа беа очи кои плачат навнатре, а солзите капат некаде таму, длабоко во него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа беа очите на Рајнер Рихтер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не знам колку оваа нејзина умешност беше резултат на нејзината возраст а колку на премрежијата низ кои беше минала.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Источниот фатализам, колку да беше минало многу време од падот на Отоманската Империја, кога беше во прашање власта, не можеше лесно да се искорени.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Гури Порадеци ја беше минал границата жртвувајќи си го животот само за да дојде до Татко и да ја сподели со него големата мака.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во родната земја Албанија во 1997 година како да беше минал нов ураган.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Секоја вечер кога уморен ќе се вратев дома, бев лут затоа што ми беше минал уште еден ден од мојот живот кој ми донесе само замор, бес и точно онолку пари колку што требаше за да работам и понатаму, ако таквата работа воопшто и може да се нарече работа: по азбучен ред да сортирам сметки, да ги дупчам и да ги прицврстувам во нова фасцикла, каде што трпеливо ќе ја поднесуваат судбината никогаш да не бидат платени; или да пишувам рекламни писма што безуспешно патуваат низ земјата и претставуваат само непотребно бреме за поштарите; понекогаш да пишувам сметки што некој можеби и ќе ги плати, дури и во готово.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така го минував времето, ден за ден, речиси две недели – во канцеларијата на тој неинтелигентен човек, кој самиот себеси се сфаќаше сериозно, и, згора на сè, се сметаше за уметник зашто понекогаш – додека бев таму, тоа се случи само еднаш – го гледаа како стои крај масата за цртање, работи со моливи и хартии и црта некој расклапан предмет, полица за цвеќе или нов вид домашен шанк, некаква мака за новите генерации потрошувачи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За само десет минути бурата веќе беше минала, како мирис на здивот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)