бев (гл.) - исфрли (гл.)

Откако се скараа Тито и Сталин, а Југославија беше исфрлена од Варшавскиот пакт, и нашата родна Албанија си се задолжи самата, но и за да му се додвори на големиот брат Сталин, кој не исклучуваше и напад врз Југославија, уште посилно да ги зацврсти границите, особено кон „југословенските ревизионистички одметници”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зошто Седларов од своето излагање го беше исфрлил овој завршен дел останува да нагаѓаме.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Откако беше исфрлен од Универзитетот и мина мачни години во егзил и в затвор, кога се врати, му дадоа да работи во тогашните библиотеки.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Реков дека сум ја спасила сосема случајно; по сослушувањето кај Фисот, тој беше сменет; новиот директор ги беше исфрлил сите нешта од фиоката, вклучувајќи ја и песнарката; сосема случајно минував од кај канцеларијата и ја здогледав. Се наведнав и ја зедов, му реков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А брановите на војната беа исфрлиле Ноеви ковчези на многубројни спасени семејства од сите страни на Балканот, и од подалеку.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пред четиринаесет години од Охрид беше исфрлен грчкиот владика.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)