бев (гл.) - истури (гл.)

Во водата некој беше истурил масло, во кое се прекршуваа зраците создавајќи раскошна ѕуница. Ѕуницата доби кружна спектрална боја.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Клечките ѝ беа истурени под нозете, до кантичето со бензин.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во таа 1932 година, кога се растури Прокоповата тајфа, како самиот пекол да беше истурен врз земјата: се исушија сековите што им даваат живот на аргатите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)