бев (гл.) - импресионира (гл.)

Татко беше импресиониран од кусата средба со Мустафа Кемал во резиденцијата на неговиот вујко Али Фети Окјар и од неговите зборови дека на Турција повеќе од кога било ѝ се потребни млади, школувани и храбри правници како него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Посебно беше импресиониран од тврдењето на Вук дека денес нема на овој свет ниту еден јазик (ни стар ни нов) во кој нема туѓи зборови!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ми текнува дека ич не го разбрав, ама ептен бев импресиониран: двајца типови со американски знамиња на јакните пичат уздуж и попреку по цела Америка.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Таа сакаше расказите да му се допаднат токму нему, единствениот кој не беше импресиониран.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Бевме сигурни дека ќе беше импресиониран и горд што твојот син беше на пракса во една вака средена болница.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
„Беше ученик на познатио српски писател Бранислав Нушиќ (Бог да го прости, умре годинава) кој беше импресиониран од Перо.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
XVIII Бев импресиониран како Елен Лејбовиц успеваше да проникне длабоко во суштината на текстовите, напати јас немоќен да се самоспознаам во нив, и да ги поврзе со актуелноста, реалноста, да ги насети моите идни планови.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ти беше првиот амбасадор кој ја поздрави новата држава!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се разделивме. Повеќе никогаш не се видовме. Бев импресиониран од неочекуваниот настан.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не беше импресиониран.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Посебно, Татко беше импресиониран од моќта на јагулата да се прилагодува, да се преобратува, во пресрет на семоќните уништувачки сили на патот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)