бев (гл.) - измеша (гл.)

Во тврдината беа измешани остатоците на врвовите на Истокот и Западот, како гробница на минливоста, како вечен поттик за метафизичките размисли на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Многу лисја од стеблото се беа измешале, исчезнале, а цели гранки и не се додржале, и корењата се измешале, се испреплетувале, исчезнувале.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бараните сличности и различности се беа измешале во нејзината глава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тие мириси беа измешани со мирисот на сувиот босилек што сите жени го носеа во џувки и по прчалките, а и ние машките секој имавме по некој страк босилек во џебовите, зашто така чинело, босилекот чува од зарази и секакви болести.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Меѓутоа, мора да се каже дека Мајкината „италијанска врска” беше измешана со грчката, така што беше тешко да се разделат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)