бев (гл.) - запре (гл.)

(Таа, на пр., еднаш влезе во самопослуга, зема извесен број работи, се обиде да излезе со нив без да плати, беше запрена, и кога ѝ беше наброено сѐ што украла, ја врати секоја наброена работа, излезе, помина од другата страна на улицата, седна на тротоарот и изеде полна тегла путер од кикирики што помина покрај помошникот во самопослугата).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога нејзиниот пријател, кој беше учител на едно големо јапонско семејство, одржуваше предавање во Санта Марија во Калифорнија, таа беше во позадината на публиката, стоејќи на столот, со високи потпетици, крзнена бунда и црвен трендафил во косата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еден млад човек кој водеше сметка за својата позиција во општеството и кој се подготвуваше за женидба, ја натера својата идна жена да вети дека нема повеќе да се занимава со клептоманија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во написите, почнав да арбитрирам, небаре јавнат на химери, с додека, во една пригода, не бев запрен, и тоа не од уредникот на весникот, туку од Татко.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа беше тивок празник во оваа куќа, со луѓе и со книги, над која беше запрен шагаловскиот облак на заминувањето.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Нему му домачне и, за да го скрати времето, ги отвори скриптите на истата онаа страница на која беше запрел.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Музиката од телекранот беше запрела.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во документот, за кој се вели дека бил сопственост на трстјанската поморска полиција, се вели отприлика следното: „Еден брод на сопственик од Мисолонги, а државјанин на Турција, закупен од извесен трговец Никола Поцо, беше запрен на отворено море и се констатира дека е натоварен со барут и со муниција за малокалибарски топови и за маузерки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Големиот, тркалезен часовник што висеше сред салата беше запрен на 8 и 23! 8 и 23!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Јасно ми е дека овие луѓе не поднесуваат критика. Чуму да им се обратам?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таков беше мојот анти-херој на Картагина, во времето кога самопрогласениот херој на вечната Картагина Хабиб Бургиба беше запрен во својот митски од кон вечноста. Останав загледан кон морето, кон брановите, во нивното вечно пристигнување и размислував за заминувањето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бурниот живот, секојдневната напнатост во создавањето на државата, во нејзиното одржување, ги беа оставиле длабоките траги, но ја беа подзасилиле, можеби до патолошки димензии, опсесијата на владеењето, неговото верување во неприкосновено месијанство...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најпосле беше свртена страницата на историјата од владеењето на сенилниот владетел и беше запрен неговиот мит.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа беше славниот Титов брод Галеб, односно школскиот брод на Југословенската воена морнарица, изграден во 1938 година, а реконструиран во 1951 година на своето последно медитеранско кружно патување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во бродот со необична историја беше запрен, колекциониран дел од Титова Југославија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)