бев (гл.) - започне (гл.)

Турците помислија дека четите се движат кон исток каде на ЛиЃураса веќе беше започнато сражението од Златков, Железаров и Пешковчето, та место да трчаат по овие што побегнаа кон југ, тие се назагнаа на исток, убедени дека натаму бегаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Ех! Камо сега некој Толе Паша да се јави однекаде в грб!“ си помисли Златков и длабоко издивна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гоце тукушто го беше започнал часот со учениците во новоселското училиште, некој чукна на прозорецот од училницата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
За едно дрво, во училишниот двор, стоеше врзан коњ. - Кој си ти? - праша Гоце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Двајцата работници, што со тешка мака се искачија до првото скеле, беа започнале испрекинат, несврзан разговор: - Петнаесет години ги искачувам овие пустиње!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бавно чекореше по калдрмата на која уште не беше започнал забревтаниот сообраќај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Машината за пишување беше отворена, но на листот вовлечен во неа беше започнат некој новинарски текст, а не романот за деца.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Побратимот сè уште не го беше започнал главното што сакаше да му го каже на Татко.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Никој не знае што му е, дали е болест или некакви грижи, затоа што тој стануваше сѐ понедостапен и забораваше и се откажуваше од некои работи, што ги беше започнал и во самиот Цариград.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ѕидарите се разотидоа дома на зимување, а градителот ја минуваше зимата во својата колиба од која речиси никаде не излегуваше, а постојано беше свиткан над своите планови и пресметки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На Татко му беше јасно дека беше започнат ловот на домашните сталинисти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)