бев (гл.) - замени (гл.)

Само ќерката се извлече затоа што ги беше заменила неделата и понеделникот, што впрочем беше дозволено, а секој понеделник беше нормален. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 65
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Заморот беше заменет со ведрина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа беше заменета со нова, но овој пат тоа беше инсулинската.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Некогашните вообичаени клетви беа заменети со нов начин на изразување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Белградската змија беше заменета со кумановската ѕвечарка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вселенските империи, сагите за борбата за власт меѓу цивилизациите и гламурозните вселенски бродови беа заменети со прецизно синтетизиран универзум на злоба и насилство, кадешто секојдневието се состои од wirehead киборзи (полулуѓе, полумашини, зависници од електрошокови), електронски пирати, бескрупулозни pusher-и (продавачи на дрога), полиморфни перверзни ликови и други карактери што живеат на рабовите на hi-tech (високо технолошко развиеното) општество.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сето нејзино долгогодишно успешно преправање го беше заменило некое многу, многу подлабоко и поисполнето чувство, како речиси религиозна продуховеност.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Материјално-правна легислатива за заштита на работничките права Од почетокот на транзицијата, до денес, донесени се вкупно три закони за работни односи: малку пред распадот на СФРЈ беше донесен Законот за работните односи на СРМ (1990), 1 којшто важеше паралелно со тогаш постоечкиот сојузен Закон за основ- ните права од работниот однос (1989). 2 ЗРО на СРМ (1990) претрпе четири интервенции 3 и, во 1993 година, беше заменет со нов Закон за работните односи на РМ. 4 Овој закон, за време на 12 годишниот период на неговото важење, имаше дури 11 интервенции 5 – за, во 2005-та, да биде заменет со новиот, и сè уште актуелен, Закон за работните односи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На 26 април 1992 Собранието на Македонија усвои закон со кој монетарно се осамостои и југословенскиот динар беше заменет со денар.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 30 мај 1992 ОН воведоа економска блокада кон СР Југославија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
ЗАКОН ЗА СУДСКА СЛУЖБА Во 2008 година беше донесен првиот Закон за судска служба, кој во 2014 година беше заменет со нов.140 Овие закони содржат дополнителни одредби за правото на штрајк на вработените во судската служба и на припадниците на судската полиција.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Законот за пензиското и инвалидското осигурување (ЗПИО) е донесен на 01.08.2012 година,52 со што беше заменет дотогашниот Закон за пензиското и инвалидското осигурување од 1997 година.53
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во 2010 година е донесен нов Закон за служба во Армијата на Република Македонија, со кој беше заменет претходниот закон од 2002 година.145 Новиот закон донесе една позитивна промена во однос на остварувањето на правото на штрајк на вработените во одбраната.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Нашите мечти и надежи беа заменети со ветувања, со големи ветувања.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Неповолната промена е усвоена во 2003 година и со неа обврската на невработените лица да се јавуваат во Заводот за вработување на секои шест месеци беше заменета со обврска да се јавуваат на секои четири месеци (чл. 1, ЗИДЗВОСН/03).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Петнаесет години подоцна, при носењето на новиот ЗРО (2005), одредбата која предвидуваше дека работник на кој му престанал работниот однос поради деловни причини, има право на приоритет при вработувањето кај работодавецот, доколку овој има потреба од работник со иста стручна подготовка – но, сега, само во периодот од две години (чл. 142, ЗРО/03 – Пречистен текст), беше заменета со уште построга формулација: „Ако работодавачот го откаже договорот за работа поради деловни причини, тој не може, на истите работи со иста стручна подготовка и занимање, да вработи друг работник – во рок од една година од денот на престанокот на работниот однос“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Промените, главно, се сведуваат на следново: а) одредбата која забрануваше работничка од областа на индустријата и градежништвото да може да се распореди на ноќна работа, ако работата во тоа време би ја оневозможила да оствари одмор од најмалку седум часа – во времето меѓу 22,00 часот и 5,00 часот наредниот ден (чл. 71, ЗРО/03 – Пречистен текст) беше заменета со порестриктивна одредба, која сега забранува само вршење на подземни физички работи во рудниците од страна на жени (чл. 160, ЗРО/05); б) кај бременоста дојде до две позитивни промени – се воведе забрана работодавачот да бара какви било податоци за бременоста на работничката, освен ако таа самата не му ги достави заради остварувањето на правата кои ѝ следуваат при бременост (чл. 163, ЗРО/05); а во т.н. постнатален период, односно една година по породувањето, се воведе и посебна дневна платена пауза, од час и половина, за доење на детето од страна на мајката -доилка (чл. 171, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
 2 ЗРО на СРМ (1990) претрпе четири интервенции 3 и, во 1993 година, беше заменет со нов Закон за работните односи на РМ.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Шокот и тагата од смртта на милениците постепено беа заменети со загриженоста што да се прави со толку мртви пингвини.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тетин ми го вклучи телевизорот поставен високо над старото ’рѓосано ќумбе и продолжи мирно да ги гледа сериите вести на државните канали, а децата се мушнаа во едно пожолтено ќоше и почнаа нешто таинствено да си играат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сега, единствено братучед ми се беше заменил со тетин ми, кој пак решил да спие во дневната, иако во собата на братучетка ми имаше два кревета.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Исто така, мислам дека настаните кои се одиграа во меѓувреме се импресивни, така што оптимизмот содржан во мојата забелешка - т.е. оптимизмот во поглед на можноста за менување на општеството - станува помалку... помалку забележителен на површината на моите чувства и беше заменет со некој вид молчење, така што, како што и самите забележавте - или не го забележавте тоа, но, тие дневници, “Како да се подобри светот”, продолжуваат... не знам кој е последниот датум во нив, но мислам дека има околу пет или шест години откако не сум ги пишувал.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сакаше да прекине со „испитувањето” поземајќи книга од библиотеката, но Мајка продолжи: – Пред да втасаат грчките војници во куќите каде што се вееја италијанските знамиња, тие беа заменети со грчки знамиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)