бев (гл.) - заземе (гл.)

Домот му го беше завзел човечки бездомник.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Картагина беше заземена и уништена во 146 година. Зборовите на Катон не престанаа да бидат цитирани.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Еден определен мал простор, кој во почетокот беше заземен од определениот предмет сега го зазема стврднатото време.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Стануваше мигум дел од големата ментална направа за измачување, насочена кон посочената жртва, во големиот жртвен процес кој беше зазел во земјата синдромски димензии и од кој не можеше никако да се ослободи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Со книгите стана уште посомнителен кога градот беше заземен од италијанските окупатори.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)