бев (гл.) - задоцни (гл.)

Ако бев задоцнил само за неколку секунди, или ако срнчето истрчаше пред првите удари на Орде, сега не ќе лежеше мртво пред моиве нозе, а јас немаше да се чувствувам толку тажен.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ѓорѓе ја одработи првата смена. Брзаше на салашот, зашто веќе беше задоцнил со орањето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еден од нив, во беспрекорна облека, со цвеќе во реверот, спокојно и сигурно седеше и течно разговараше со другиот човек, кој постојано ги прекрстуваше нозете, правеше гримаси, пелтечеше, постојано беше немирен чепкајќи си го носот, и се вртеше во својот стол.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Бев задоцнил. Имаше двајца луѓе на подиумот што седеа и разговараа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)