бев (гл.) - заборави (гл.)

Повторно нурна во својата осаменост, во која немаше ништо освен апстрактната потреба за цицање крв.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Најпосле се најде пред една пуста уличка со светилки, веќе сосема обичен; дури и беше заборавил што се беше случило со него.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Одамна беше заборавил за него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа, на враќање, во автобусот, се сетив: бев заборавил да прашам каде бил бродот кога во него остана малата сребрена торбичка на мојата роднина Емилија. *** Го слушате ли и вие понекогаш бродот во ноемвриските вечери со магла?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
За сѐ се сеќаваше, за секоја подробност, ништо не беше заборавила.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Порано, пред болеста, по ручекот, тој веднаш се упатуваше кон своите книги, но сега како да беше заборавил на тоа што беше најзначајно за него.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не, Кротка не се мрднуваше. Како да беше заборавила дека е дојдена од дивината и дека таму припаѓа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бевме деца и бевме во времето на првата болка; нашите болки се сретнаа, и можеби затоа си станавме толку блиски, блиски како раната и мелемот, поблиски отколку што би биле две весели деца, затоа што болката најсилно врзува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неговата болка беше безимена: иако беше постојано присутна и постојано со него, тој ја беше заборавил, и неговиот поглед кој луташе некаде настрана од луѓето кои стоеја покрај него, некаде во празното, како да ја бараше таа болка, таа болка која ја бараа и неговите родители, со помош на докторите, надевајќи се дека ќе го излечат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кутрата невеста, кутрата Невена! На неа беше заборавило и времето и младоженецот, но таа не го забораваше ни времето ни младоженецот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Долгите нозе во свилени црни чорапи застанаа пред него, во полумракот на собата во која беше заборавил да запали светло.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Ќе си ги расипеш очите во темницава“, му рече таа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но, тогаш сѐ уште не беше заборавил на чекањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа дојде така ненадејно. Токму во часот кога наполно беше заборавил на неа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Рада која беше заборавила на овој детаљ немо само гледаше во Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Саво речиси беше заборавил на разговорот и работното место на човекот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Четири дена бев заборавена. Сега, кога ќе си отиде заморчето, пак ќе бидам потребна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
За миг, дури, беше заборавил на бројчаникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Подобро дури и од вкусот на кафето беше свиленикавата густина што му ја даваше шеќерот, нешто што Винстон речиси го беше заборавил по годините со сахарин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мојот другар, генералот, ги беше заборавил своите оловни војници некаде во близина на хоризонтот, во онаа потемнета зелена кутија на Пандора.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Доста не само што не беше заборавила, ами во Солун беше го усовршила плетачкиот занает, плетејќи фанели на луѓе што ѝ плаќаа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бундата блескаше како нова. Татко ја беше заборавил Мајкината бунда, зашто таа никогаш не ја носеше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Веројтно и не помислуваше дека станува збор за неговиот револвер што овојпат го беше заборавил на ременот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За еден момент беше заборавила колку силно грееше месечината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Значи си имал причина да не излегуваш - климна со главата, во знак на разбирање Б.С.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сосема бев заборавил на советите на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не знам дали ви е кажано но човеков, како празна вреќа се свлече на земјата, и во истиот момент, во најбрз можен ритам, почна да трча лазејќи на сите четири, како годиначе, и за момент го снема под бирото на Мирко Бунде.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Време е да одиш по симиди - ме поттикнуваше Катерина откако донесов бокал вода и ѝ го поливав вратот над мијалникот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На големата кукла во витрината како да беше заборавила.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
А беше заборавил дека и самиот сешто ми имаше изнаречено за тоа човече што личеше на желка и во вратот и во главата, само уште корупка му недостасуваше па да почне да лази а децата да му се качуваат по грбот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Веќе бев заборавила како мириса сапунот...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сафет-ефенди беше заборавил да се смее.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бев заборавила веќе две-три години како е да си возбуден до таа мера.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)