бев (гл.) - држи (гл.)

Борбата за југословенска Македонија беше промовирана во оваа војна од антифашистичките сили како спротивност на бугарска Македонија поддржувана од Оската или за целосно "независна" Македонија заговарана од Ванчо Михајлов, кој беше држан од Хитлер во резерва и со кого ѝ се закануваше на Бугарската влада со губење на Македонија во случај таа да не ги исполнува барањата на Оската. 3.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А Рене рече: гледајте, со моиве раце ги бев држел, стотици, можеби и илјадници парчиња; некои беа меки, некои тврди, а сите мошне течни; мажи, жени, гнили и полни со крв.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Бев шокиран од споменувањето на името на улицата Хане, улицата каде што се наоѓа и денес истражниот затвор во кој и јас бев држен една ноќ, по она недоразбирање околу плаќањето на хотелската сметка, откога во Истанбул дојдов по собирот на писателите во Измир, за да ги земам парите испратени од татко ми преку Сити банк.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Народноослободителното движење на Југославија како најсилна балканска сила што ги обедини сите народи во борбата против силите на Оската се чини дека беше најголемата сила која даваше гаранција за реализирање на долго очекуваното обединување и автономија на македонскиот народ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Посткомунистичките жени исто така се соочуваат со прашањето дали конзервативните трендови во однос на жените во посткомунизмот се израз на еден патријархален културен систем кој му претходеше на комунизмот но беше држен под контрола од страна на марксистичкиот систем, или дали тие се резултат на самиот марксистички систем.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)