бев (гл.) - доведе (гл.)

Дојде време кога, ако било утро кога беше доведен тука, сега би требало да биде попладне, или ако било попладне, да биде полноќ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со зборови го разоружа својот несуденик, кој беше доведен во состојба на послушно кутренце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бидејќи со тоа доверената ни задача а и нашите животи беа доведени во опасност, јас му наредив на нашиот човек двајцата да ги ликвидира заради што му го дадов моето лесно оружје што Вие ми го доделивте поради поголема практичност во извршувањето на нашата специфична задача.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тие пак беа доведени да ги перат борците што се обучуваа во Битола.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И јас имав син. Замина една зимска вечер и веќе не се врати.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Немате слушнато за Иван? Додека не тргна в училиште го викав Ване.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели, со многу тажно лице се стори шегата со која Синесие кројачот во момент на веселост го беше довел Васе Пегланиот во градината на поругата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во малечката библиотека еден човек постојано се држеше за глава, извикувајќи: „Зборовите одлетуваат од страниците! Зборовите одлетуваат од страниците!,“ и повторуваше сѐ додека останатите читатели не се побунеа, па чуварите ќе го однесеа во неговата соба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еден млад човек беше доведен во Гнездо затоа што на сите им повторувал дека нема глава, еден друг млад човек беше исто така доведен во Гнездо, но затоа што другите ги уверувал дека немаат глави.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бидејќи Херцеговецот денес се отфрла токму по истиот оној расистички клуч којшто на времето го беше довел на тронот на таа хрватска државност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)