бев (гл.) - вовлече (гл.)

Таа година студот како слеп патник се беше вовлекол во секој дом, особено во трошните куќички, кои уште ги имаше во центарот. Како сврдел влегуваше под праговите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Самарот, тие години, му се беше вовлекол под кожата, поточно му беше сраснал со грбот, со плешките.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Стомакот му беше вовлечен и околу половината му се подзавртуваа сините долго носени работнички пантолони.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Главите на пилињата беа една по една вешто, како со ножици поткастрени, а кожата им беше вовлечена, така што шиите личеа на корења од четири отсечени прсти, што беа заглавени во мрежата на кокошарникот. „Ракун“, извика Милан. „Или лисица!“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Неповратно се беше вовлекол во магијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Потоа ја ѕирна Кротка која преплашена се беше вовлекла меѓу сандаците и вреќите, претчувствувајќи ја опасноста.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Поучен од лошото искуство на некои одамна настрадани колибари, кога волците се беа вовлекле преку сламениот покрив во трлата и им ги беа искасапиле стадата, дедо Димо ја беше изградил плевната на таков начин, што добитокот во неа да биде на најсигурен начин заштитен од волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А сега беше вовлечен во тоа и имаше чувство на извалкан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Преку дословноста на она што таа го прави (мастурбација, научно покажување на цервиксот и сл.), нејзиното тело станува црна дупка во којашто имплодираат симболички значења.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Она што всушност се случува во претставата на Ани Спринкл „Post Porn Modernism“ го опиша Rebecca Schneider: „Гледачите стоеја во ред и чекаа повик за да се приближат и да погледнат низ гинеколошкиот инструмент (сspeculum) којшто беше вовлечен во вагината.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На почетокот од школската 50/51 ме имаше зафатено и една друга страст: покрај учењето и покрај исполнувањето на домашните обрврски поради болеста на сестра ми Лена, со сето срце и волја бев вовлечен во политиката.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)