бев (гл.) - бил (гл.)

Не знам што повеќе ме погоди во исправката: фактот што стариот грешник станал грешно место или прашањето што се уште ме копка - за кој среќник скопскиот саем таа вечер беше бил вистинското место?
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
На крајот се разбра работата од каде беше: Мајка му на јузбашијата беше била каурка — Гркинка, но беше побегнала за некој си бег во Солун, ама од голем мерак што имале обајцата еден спрема друг, таа успеала да го кандиса да не ја потурчува, што значи тој беше од татко Турчин, а мајка христијанка, која во неговото детинство беше повлијала на неговото воспитание и разбирање за каурите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да беше било така лесно и арно свикувањето на конференција, и сега ќе имавме друг начин за третирање на нашите работи и наместо Европа да ги остави Русија и Австрија да го решаваат нашето прашање – сите европски големи сили ќе сакаа во него да играат еднаква улога.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
50. Сегашниот политички опит да беше бил кај Бугарите понапред, ќе се пристапеше прво кон разделувањето на сферите за влијанието во Македонија меѓу Србите и Бугарите, а после, во време на востанието, српските и бугарските војски ќе навлезеа во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Шест дни тој кај Господа на гости беше бил и скрбната душа кај него ја остави.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Моја главна работа стана трговијата со волна. Порано оваа трговија беше била забранета.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еден дел од бавчата одзади куќата некогаш беше бил лозје и дури и денес тука излегуваа лози од старите пенушки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Што е право, тоа од атер за татко ми, со него Ризван бег беше бил во пријателство.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Натрупан од селаните, убиен, како што беше бил толчен и убиен со камења мојот далечен предок Никола Поцо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Е па! Е па, после ќе имале афера, па ќе имале, кога по дома немале ни афера ни дешавка за во тефтер да ја раскажат, како Мерил Стрип со оној Клинт кој не беше Бил и кој како фотограф откри толку сексипил во една средовечна жена облечена во фустан на копчање кој се носи само на пазар и коса врзана во коњски опаш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Коските беа биле најдени сосема отспротива долнечките гробишта, каде што се крева долот во правецот на Гупеш.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во недела некогаш патот беше бил за корзирање - од почетокот на Долнец долу, до крајот на Долнец горе, кон Стрелеско.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ден по ден езерото се смалувало надолу, а бидејќи веќе повеќе години водата работела на тлото, поткопувала и ронела, таа го сронила и оној ров при дното од падината спроти гробиштата во Долнец, во кој беа биле натрупани телата на дванаесетмината стрелани од Борко и од неговите луѓе во 1944-та.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
– „Сполај ти, Господи, сполај ти, бре стрико, што беше била клетвата лоша, им рекол Силјан, татко ми кажуваше за две пилиња што се кај нас в поле, едното го викаат Сиве, а другото Чуле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Листајќи ги биографиите на историските големци, прочитав дека и најголемите имиња во историјата на уметноста беше биле влезени во брачни заедници, па некои дури и со истиот пол.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Беа дошле да го испратат чорбаџијата и сите се изнасмеале, дотрчала и аџијцата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Коа 'и преброил алт'ните, токмо четириесе беа биле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Едно се одделиле маж и жена и аџијцата врлила еден камен по него: - Коа ќе се врати каменот - рекла - тогај да се врати мажот ми, Боженце!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Понекогаш заедно ги гледавме неговите портрети кои ги имаше изработено човекот кој му беше бил како татко.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ова е сѐ што ќе остане од мене,“ рече Рајнер собирајќи ги портретите, „а и тоа еден ден ќе се претвори во прав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во себе девојката лефтерно одби да си замисли каква била орнаментиката на влезот на некогашната женска гимназија.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Некако и се стори пополезно да се помачи најпосле да разбере зошто (пак на времето!) некој беше бил рекол дека луѓето без маало и без роден крај, всушност се - слободни луѓе ЛЕБЕЦ И ВИНО Ако има дедовци ќе има и приказни.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Мајка не беше била никогаш, на ниту една родителска средба за постарите браќа, па тие си ги завршија училиштата со одличен успех и со примерно поведение.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше бил многу лошо удрен меѓу ципите, кај што се врзуваат сите жили и корења.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
и еден ден се појави полковиот командир, на еден бел коњ, коњот игра, не гази на земјата, беше бил заробен од Англичаните, и кога дојде му даде команда на ротниот командир и на другите офицери да се тргнат подалеку од војниците, и тие сите се тргнаа едно двеста чекори, и полковиот командир не прашува кој каква мака има, или некоја поплака да има, и излезе еден, Ристе се викаше, а тој пак сето време само главата навалена и само зачуден, и со никого ни а, ни бе, и мајката, си мислиме, на толку молчење, сега најде да зборува, а тој ти имал мака, полкот негов ја збркал работата, а го окривиле и Ристета и го осудиле седум години затвор да лежи по завршувањето на војната, и Ристета цела недела пред тоа го учел еден адвокат од Скопје како да се пожали, го вежбал за докладот, како да се претстави и како да се поплаче и Ристе станува, јас бев часовој, вели, кога стана тоа, а имам и часовник добиено за храброст, ама јас не бев таму, кај што стана колењето и му кажува сѐ како што било,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)