бев (гл.) - тројца (бр.)

Меѓу последните преживеани, беа тројца луѓе по име Џонс, Аренсон и Радерфорд.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не се станува лесно пријател во животот и играта како што беа тројцата еден за друг.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ранети беа тројца Турци, меѓу кои и еден имам. Сите муслимани во градот се држеа сосем мирно, помирно отколку во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сега над него беа тројца, темни и загрижени, па не се праша како дошол третиот, туку погоди: нешто стануваше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сега беа тројца во оваа собичка, а само по малку двајцата ќе си заминат по тој врнеж, а едниот ќе остане тука сосема сам среде таа дивина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Попладнето седеа во одајчето на Пелагија, ама сега не беа тројца, туку петмина.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ако се изземе келнерот кој го заменуваше и шанкушот, а кога немаше работа приседнуваше на нивната маса како четврти, тие беа тројца: најверојатно возачот и неговите помошници на шлеперот надвор.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Море, што вака праите, бре браќа - рекол тој постариот на двајцата, - да не можиме да се погодиме, ами нели остаил Господ на двајца или тројца улаи еден умен што да можи да и разберит и да и пресудит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Бидејќи беа тројца, не можеле да се погодат во делбата - за како да се погодат, еднио да земе две работи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ние набрзина слеговме од дудинката. Мајка ми бавно отвори. Беа тројца.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се чинеше како да пеат тројца. Некогаш, навистина беа тројца, а некој пат Татко сам пееше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)