Со нашата сегашна национална преродба ние им се спротивставуваме на другите православни Словени, како што се спротивставивме и понапред: тогаш бевме први во духовната преродба што кај нас беше бавна, а кај нив брза, сега наопаку: тогаш тие нас сакаа да нѐ достигнат и работеа со извесна тенденција и брзина, сега наопаку.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ова беше прва закажана средба, другпат Камилски идеше кај Татко по тамина, а и тој не му се најавуваше кога го посетуваше.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нејзината претседателка беше прва братучеда на претседателот на општината.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Што говорам, се насмевна. Тоа беше прва насмевка.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сеќавањето копаше по своето дно а сепак тоа беше прва престава со разбудувањето, тој настан виден во едно далечно детство, во овој ист град, сонлив и удавен во здодевност и замор.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тој беше прв на ранг на групата, затоа и не дозволуваше некој да го натпревари во одењето.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Смешен сум, рече. Што говорам, се насмевна. Тоа беше прва насмевка.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
На Влатко ова му беше прва непосредна средба со писател. Стоеше фасциниран...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Во Општината беше прв, а во Партијата, веќе беше дојден секретарот Трим Тоска.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)