- Теткин, теткин, теткин, - го бацува во двата образа младата жена.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
За да се искупиме од борчот, за да му помогне свети Наум да оздрави, ви го подарувам јунецов...“ го бацува во челото како синот да си го бацува и му го подава на калуѓерот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
За поздрав, таа му ги фрла на авторот двете раце врз рамената, ги стегнува своите тврди дојки врз неговите гради, го погледнува со сочна искричавост во очите, се поткрева на прсти и сочно го бацува во уста.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Последен пат му ја стиснува раката и целата пребледнува). Ех, Симке, Симке!... (Се откинува од неа и се придружува кон групата). (Оддалеку се слуша песната на разделбата).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Света Пречиста нека те чува од лошо... (Тихо плаче и го бацува в чело). (Печалбарите се определуваат во група и скоро ритуално почнуваат да ја пеат песната на разделбата): Жали моме, да жалиме, еј моме!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
АНЃЕЛЕ: (ја бацува в образ).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
АРСО: Ајде сега за кум Томче и кума Стојанка едно оро!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
КЕВА: (Ја бацува в чело.) Да си ми жива и здрава ќерко, да се ќердосаш!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ВЕЛКОВ: (Приоѓа до Михајло. Го бацува во чело.) Јас сум поп Велков. Одбивате да ги премачкувате фреските. Вие сте мал светилник во ова мрачно море.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
БОЖО: Можам татко да ти бидам. ЈАКОВ: Бидете ми татко. (Оди до Божо. Го бацува во уста.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)