Генетската мудрост сугерира дека социјалните структури, долго градени, нема да бидат отфрлени заради неважни причини и минливи цели. Екстазата на мутацијата е балансирана со болката.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Досегашното искуство покажува дека припадниците на видовите повеќе се склони да страдаат, бидејќи злото носи страдање, отколку да ги отфрлат формите на кои се навикнати.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ама подобро е да си ја познаваш несреќата, вели, отколку во непознато да си ја бараш среќата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сметаме дека следниве вистини се очигледни: -Дека сите видови се создадени различни но еднакви; -Дека сите се дарувани, секој посебно, со одредени неотуѓиви права; -Дека им припаѓа Слобода да живеат, Слобода да се Развиваат и Слобода да бараат Среќа на свој сопствен начин; -Дека за да ги заштитат овие од Господ дадени права, социјалните структури природно се појавуваат, засновајќи го својот авторитет врз принципите на љубов кон Бога и почит кон сите форми на живот; Кога која и да е догма на владеење ќе стане деструктивна по животот, слободата и хармонијата, органска должност на младите членови на тој вид е да мутираат, да исчезнат, да иницираат нова социјална структура, поставувајќи ги нејзините основи на такви принципи и организирајќи ја нејзината моќ така што ќе биде можно да се произведе сигурност, среќа и хармонија за сите живи суштества. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 61
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
И фатија тие тогаш да одат по пазарите во Прилеп, во Битола, во Охрид, па и во Струмица и Гевгелија и повеќепати отидоа и на пазарот во Лерин да си ја бараат среќата.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Мајка му беше перачка и татко му една година му се порадува на своето единче и се изгуби отаде океан барајќи среќа и леб.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)