- Тоа зависи од темелите,- ми вели Достоевски. – Јас предлабоко ги ископав. Барав светлина во сното.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ако свикнувал со мислата за смртта во текот на сиот живот, помалку би ја барал светлината на крајот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
– Животните, кога им се ближи смртта – рекол тогаш Чанга – ја бараат темнината. – Не ја знам причината – се сеќава татко ми на својот одговор – но човек кога му се ближи смртта, бара светлина, уште зрачец, небаре за да понесе светлина во темнината, во смртта! – Зошто ли е така? – бил упорен Чанга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сепак сме сите како птици преселници, бараме светлина. Одиме на југ, за да не грее сончевата топлина. ***
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)