бара (гл.) - пат (имн.)

Но поголемиот број Македонци остануваа во Србија и бараа пат како ќе се може да се работи во полза на Македонија без да се влегува во отворен конфликт со Србите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како некогашен сорбонски дипломец, одличен познавач на францускиот, шпанскиот и другите романски јазици, тој, всушност, не се прокламираше како застапник на чистењето од опасните турцизми, туку едноставно бараше патишта како да се обезбеди иднината на потомците, како да се обезбеди најдобриот можен систем на нивното воспитување, да се формираат нивните карактери во неизвесните и секогаш променливи балкански времиња, како да живеат со јасен и здрав јазик, без нагризувачки примеси од минатото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И еве неколку денови доаѓа таа на прозорецот, се прпелка, лази по стаклото, зуи и бара пат да дојде до цвеќето.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Бродската сирена одекнуваше зарипнато, по малку задушено од маглата, Margina #26-28 [1995] | okno.mk 135 но беше јасно: бродот бараше пат, се најавуваше, прашуваше нешто, повикуваше кон себе.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Претенциозно и возбудливо ќе го бараат патот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Единствено тоа му дамареше и бараше пат до свеста: зашто самиот ритам е помоќен од неа и ја затапува.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Беше една вистина, која што почнуваше да чекори по земјата, веднаш штом ќе се објасни така, за да може да биде сфатена; таа вистина бараше пат кон срцата на луѓето и луѓето не можеа да не ѝ се приближуваат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Озгора од куќата своја, го гледаше сето село како на дланка, гледаше сѐ што се случува во него: во која куќа наутро најрано станале, во кој двор се трча да се фати кокошка за колење, кои жени, уште недорасонети се караат преку плотовите; кои луѓе не си ги користат домашните алиња, туку клечат зад копите и гаждарињата во дворот и бавчите; кој уште пред да зазори, како гробник, како волк, бега од некоја куќа и се провира низ плотовите за да не го видат кај која ороспија преспал ноќеска; на кои чардаци што се суши; која се потпалила, која се препокрива, која се довршува, кој последен излегува од кафеаната и го бара патот за дома, кој влегува и излегува од селото: за добро, за лошо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како да бараат пат во арената, небаре се од прикаска - мазни, бели се појавија два коња со накривени и гордо дигнати глави, загледани во својот висок сув дресер само со по едно око.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Рабовите на мојата животна гуња прскаа и јас барав пат да се извлечам од тој задушен правоаголник во кој единствена знаменитост беа петте беспризорни пасторчиња на маштеата судбина и тројцата распеани студенти, од кои еден веќе се сомневаше во животот, во луѓето, во себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Луѓето кои живеат и преживуваат во региони со граници помеѓу религии, идеологии, култури имаат многу повеќе потреба од другите да ги бараат патиштата на меѓусебното разбирање, толерантност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се мобилизираше самата, го мобилизираше својот круг на пријатели.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во пловидбите на Титовиот Галеб се дополнуваше југословенската историја на која Тито даваше посебен тек.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во бродот Галеб Тито бараше патишта во светот на неврзаните за да ја зајакне на надворешен план Југославија, но се обидуваше и на внатрешен план да ги разрешува, помирува противречностите, преку одбраните умови и интелектуалци на антагонизираните народи (посебно Србите и Хрватите), преку врвни интелектуалци, политичари, писатели.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ѕверот се отфрли од земјата, ја закачи со заби подадената црна рака на глогот и не барајќи пат се нурна во мракот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја споделуваше болката на мајка, на другите мајки во Козар маало што не можеа да го прехранат семејството, но тој бараше да ја разбере суштината на проблемот, ги бараше патиштата на можниот излез.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бевме збунети зашто водичите изјавија дека не можеле да го најдат патот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Цела бригада се собравме во еден мал круг, а водичите отидоа да го бараат патот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Татко, колку и да ја отклонуваше својата мисла од Игоровата, кога говореше за Беломорскиот канал, со нетрпение ги очекуваше новите аргументи за апсурдната градба на Сталиновата водена пирамида, свесен дека тоа ќе му послужи за да ѝ избега на историјата, кога сталинизмот на Балканот се вестеше од сите страни и го бараше патот кон новите жртви.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Беше силно чувството дека еден ден, по воден пат, ќе им се придружиме на дамна заминатите и сите заедно ќе го бараме патот на враќањето...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Велиш: „Одам по рабовите“ - нели од рабови составуваш целина однапред осудена на распад - Ѓаволот на уништувањето бдее над совршенството држејќи долги остри ножички меѓу прстите, па слатко, со апетит сецка, дроби, кастри перверзно смеејќи се оти знае - оние кои се изрежани на ситно без престан крварат и бараат серум во умешноста да откриваат светови што не можат да ги задржат само за себе па ги исплазуваат како јазик или, бараат пат под нозе или, си го менуваат идентитетот бегалици засекогаш или, се претопоуваат во коктелите на натурализацијата асимилацијата од оваа страна на границите од онаа страна на границите а тие, проклети, се менуваат до бесвест додека ние паѓаме во вртоглава инфлација се занимаваме самите со себеси онанично, параноично безочно !  Суво злато, делба  Сѐ друго е минато - Македонија што ја нема - Македонија, мрачен предмет на желба зар и тоа е Македонија бездомничка Македонија суво злато Македонија подземен свет глобок сон тајна историја темно време.  Алчна, одиш во пресрет на судбината и го бираш поголемото од двете...  Земја си, одбрана да ја усовршува поетиката на делбата.  Да експлодира.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
и уште од далеку мириса на ракија, барем сега можете да кажете чии шпиони сте, вели, не оставајте ѝ товар на душата дури ќе го барате патот кон небото, кога ќе ја качувате кон господа душата, вели, на правина нѐ земате на душа, велиме ние едно задруго, прескакулица ни одат зборовите, ние сме сиромашни луѓе, печалбари, ебати небото и ебати господот, сичките сте од Македонија, сите, викаме, сичките, по зборот сте оттаму, вели, и моите родители се оттаму, ама вие немате пашапорти, верувајте ни, господине, ние сме селани и не знаеме да лажеме, јас ви верувам, ама другите не веруваат, вели офицерот, моли господине, велиме ние, прави еден голем манастир, тој ја фатил главата и со дланката ја потпира под брадата, се мисли, се двоуми, па потоа се враќа назад, ние чекаме, си шепотиме молби и молитви до господа, белки има господ, вели Стеван Докуз,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)