Само оди и само бара, само оди и само бара нешто без свршеток. Се враќам таму.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Новата пропаганда ќе оди преку Интернет. Младите се новата сила. На старите ниту им веруваме, ниту пак бараме нешто од нив.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Таму во свеста се вкочанува времето на оној ден кога се оставил домот: со тој миг во сеќавањето непроменливи се луѓето што останале во селото, настаните врзани за нив и тој самиот меѓу тие луѓе и тие настани, божем из'ртел од себе и пошол да бара нешто што немал дотогаш.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Ти бараш нешто невозможно“, „Не“, рече. „Вети ми“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ми стана чудно кога Баждар ја завлече влакнестата рака во внатрешниот џеб на палтото, бараше нешто ако не ги чешаше градите.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
(Манастирот. Арамијата чука по ѕидовите. Бара нешто. Пауза. Шум. Арамијата се крие во темницата. Вади пиштол. Се отвора вратата. Влегува Михајло. Пауза.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Додека така се занесував со прекрасни планови, слушнав дека во спалната соба влезе татко ми и бараше нешто во фиоките.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
А вие, со мадамата, барате нешто? - Бараме, гробишта.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Бараше нешто упорно, небаре поттикната од сонот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ми се занишува снагата ко удрено дрво со секира. И само барам нешто да се потпрам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)