Барам начин да ми се валоризира трудот потрошен за совладување на медицинската наука! Сега на ред се реформите за Здравството!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Всушност се бара начин тие да се оневозможат, да се ликвидираат.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
На Катето од Стевана Толе не се задржа, бидејќи тоа веќе беше во бегови раце, та немаше нужда бегот да бара начини да го втерува во неговата мрежа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мајка бараше начини, водена од силната интуиција, да насети во која насока патуваат Татковите мисли.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Пред да се соберат сите а и потоа, за време на вечерата, Аргир се ломеше и мачеше - бараше начин и збор како да им каже на работниците дека утре нема да бидат веќе на работа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Всушност, знаеше дека освен одржувањето на огнот, освен дрвата што ги донесе, ништо друго не беше важно, ни потребно, но бараше начин во нешто да се внесе, зашто чекањето му беше премногу болно, премногу долго.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Но беше гладен и мораше да бара начин да најде нешто за лапнување.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Затоа тој мора да бара начин како се доаѓа до очовечувањето – продолжи старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тој цело време го забележуваше мојот ужаснат поглед, и бараше начини да ме успокои: „Овде е совршено.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Знаете ли како е во Салпетријер во Париз? Спијат на душеци на подот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога има некој со повисоки квалитети од нив, тие се фрустрираат и бараат начин да ги тргнат од својот видик, нарушувачите на авторитетот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Бараа начин, пат да се ослободат од тоа проклето место, да избегаат од студената сенка на ѕидот. Не, такво место немаше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
8 Во друга смисла, „крајот на историјата” може да се користи и како метафора за ситуацијата во која големите земји (пред сѐ на Запад) бараат начин да одредат долгорочна стратегија во однос на процесите на глобализација.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Бројката на жените секојдневно се менуваше, во зависност од приливот и одливот (тоа беа термините што се користеа во врска со капацитетот на Центарот кој често беше претесен и се бараше начин да се ослободи, за да има проток кој носеше профит).
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Напротив, тој бараше начин како да ја смири.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И пак Бонети ноќе се искрадуваше до нејзината одаја, ѕиркаше низ прозорецот да види дали спие и бараше начин како да ѝ влезе, како да ја отклучи вратата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
А што се однесува до постапката на Сираков тој само барал начин како да ѝ се додворува на својата секретарка која притоа се викаше Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но кога веќе проговорив, зошто да не го спомнам и тоа, вистински бев изненаден од природното звучење на мојот глас.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Само барав начин да ги оттурнам вознемирувачките размисли.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Бараше начини да му помогне, да го ослободи. Ништо повеќе.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А она со храната, тоа беше обичен повик за помош.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Кај Висара понекогаш навраќаше и учителот и бараше начин како да му помогне на Висара да оздрави што побргу.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Но Елен Лејбовиц, соочена со медиумските црно-бели слики кои ги изнесуваа последиците од задоцнетиот европски дипломатски балет во регионот и раскажаните епизоди од мојата балканска сага, бараше начини, како мојата раскажувачка вистина да се наметне како веродостојна алтернатива.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И згора на тоа, пишуваше во написот, Патрик Крисман, кој, поради својата безбедност, треба да живее со постојана заштита од двајца полицајци крај себе, минува еден голем дел од своите ноќи во преведување на двајца автори, еден од Македонија, другиот од Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тој Трифун, Баџата, во тоа време, бараше начин зета си во Скопје да го протне за директор на некое претпријатие и сега ни наговорува мене и на Сврделот некако да му помогнеме.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Едо писателот со погледот како да бараше начин да ги расебети капињето од скребите, копривите од малечките, папратта од базојчките, блостурот од шиповите...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)