Додека Влаинката се растрча по комшии да бара млеко и бибер за чудниот гостин, Марин Крусиќ, според трговскиот манир, направи да не изгледа неблагодарен, па веднаш почна да раскажува за медитеранските новости, една од кои беше и грипот што сега владеел по пристаништата кои се во моментов под карантин.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Ние, момче, ојме да бараме млеко од вил за очобол - му рекле.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Пари јас пријатели неќум - им рекол - јас сум многу богат, еве како што ме глеате, ако декшаате по еден муур на бутот да ви удрам, еве го шишето, на ви го!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)