Кога сосема се откажав и тргнав кон масите, наредени пред влезот во зградата од болницата, крај кои неколку болничарки продаваа пијалоци и храна, го видов Зигмунд таму, како остава една испразнета чаша, подава пари, и зема полна чаша. Му пријдов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)