бара (гл.) - тој (зам.)

Па тоа е татко му! Што ли бара тој.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Што бараше тој овде? Крила за своите миризби или меч што ќе ги одреже тие крила? Ни едното, ни другото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зошто ме бараше тој човек, и што бараше од мене не можев да одгатнам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И, бидејќи ќерка ми свечено се заколна дека нема да плаче на песната „Црешна се од корен корнеше, мајка се од деца делеше“ ако се омажам, туку напротив, тргнав низ салата да го барам тој, Хелмутот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Прстите ноќе го бараа тој белег, беа немирни, играа со оган, и не беа прсти туку, пет, сто, повеќе сетила.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Од јазикот негов капеше крв. Ни на господа не можеше да му се помоли.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не ме разбравте. Не бараше тој овца да заколам туку јас самиот тоа го мислев кога видов дека е ковче и кожа.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Хе, Вок, значи! Нека биде и така, ама што бара тој подводен Вок од мене?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Нашите погледи го молеа, му велеа, - кажи ни старче, кажи ни стриче Лентеноски, кажи ни што барал тој човек? По неколку векови и тоа го дознавме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ние умиравме за една друга љубов, за еден друг збор, толку денови, ноќи, векови го баравме тој извор, а ваму со брливи работи ни ги полнеа главите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се разместивме и се подредивме онака како што бараше тој.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Што бараше тој микроб среде власта, Партијата?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)