Ќе запеат подоцна без тој човек и песната ќе куца и ќе се влече сакато; доколку им се придружи трет, можеби Трипун Караѓоз, со нос кој како да раснел на плодно земјиште за цвекла, и болвите преплашено ќе им избегаат од пазуви.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Искористи ги своите пријатели за да заминеме одовде.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Каде сѐ не прашувал каде може да се купи таков, жолт путер (каква чудна тавтологија, рече, но вистинита е, и неопходна да се опише токму тој путер); низ годините, по сите градови, по целиот свет, барал таков путер; путерот му станал опсесија, еден вид пасија; но никогаш и никаде не сретнал таква боја и таков мирис.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Половина од жителите на Виена бараат такви визи, но не можат да ги добијат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа молела да не бара такво нешто од неа. Тогаш тој рекол дека ќе бара нешто друго; пробал да ја прегрне, но тогаш некој лудак фрлил камен врз џипот, нешто се скршило и тие избегале. Ѝ реков дека тој лудак бев јас.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Не ќе стаса до Кукулино, им пришол Трипун Караѓоз. - Арамиите бараат такви, осамени и послаби.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)