активира (гл.) - во (предл.)

Мотивиран од тогашните настани, С. С. продолжи да се активира во областа на заштита за работнички права со поголем ентузијазам од порано.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Надоврзувајќи се на ова, тој додава дека повторно би тужел доколку во иднина му е повредено негово работничко право, без разлика на сè.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа, кутрата, секогаш имаше моќ, и во најтешките мигови на животот, помислувајќи на децата, да ја активира во свеста оптимистичката варијанта.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во почетокот планерите на СОЕ сметале дека во окупираните земји било потребно да: - огранизираат големи национални востанија кои временски ќе треба да се активираат во времето кога ќе пристигнат сојузничките сили и - во моментот кога ќе се активираат да бидат ставени под команда на Британците.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Заради сериозните психички пречки не успеа да се активира во македонската армија, што дополнително му ја влошуваше состојбата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)