шест (бр.) - недела (имн.)

Кон осум девет саатот црквата се наполни, Тие што имаа „пресни мртовци“ донесоа пченица и поскури да ги препее дедот поп и да им раздадат за душа, некоја невеста дошла да си прави молитва со малечкото на шест недели; други ќе крштаваат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дочека да поминат шест недели од смртта на мажот ѝ, си ја зеде ластегарката и, чукара — пукара, дури во Рожден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа свеќа Митра ќе треба да ја пали секоја вечер по една декика кога Илко и Доста ќе си легнат, и тоа цели шест недели.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Посебно затврднато беше верувањето дека мртвите доаѓаат да пијат вода од Виданови Извори во првите шест недели по умирањето, посебно ако домаќинството не стигнеше, во тие шест недели, секое утро рано-рано да однесе на гробот на умрениот бардаче пресно налеана вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш низ Потковицата се ширеа гласови дека некои го виделе умрениот како осамен, жеден и невесел (додека другите умрени во групи или редици оделе и се враќале од кај изворите) чека на падините на Горник, долу, под оградата на гробиштата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Крсте им нареди на домашните да носат шест недели црно за Благуна, а потоа сите жители на Потковицата ги обиколуваше и ги наговараше да се согласи да го примат Видана нивни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зашто, велеше, Акиноските му пишале дека Видана нивни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„И јас го употребувам истиот жилет веќе шест недели.“ само сакав да те прашам, бате.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„ Го употребувам истиот жилет веќе шест недели“, додаде неуверливо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги советува луѓето, по ставањето на грозјето, шест недели да не го пијат виното, зашто тоа е во тој период уште „леунка“ и не е за пиење - боледува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Па, кога како хор ќе дојдат да те соберат тебе и тоа „три кила месо со очи“, сите во нови алишта и чевли и со поворка до автомобилот, а сето снимено и фотографирано по принцип „секој со секого и секој со сите и со бебето“, протрчуваш до аптеката во болничкиот двор и пазаруваш протект апчиња за секоја евентуалија затоа што знаеш дека во следните шест недели никаде нема да одиш освен до креветчето и до јажето за пружање пелени, бенкици и „шведски“, а нему си му пожелна како првиот ден, и дека многу бргу, веднаш по првата недела, ќе те побара под ќебето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Децата ги повиваат во конопни партали од вреќи до колку не умрат во првите шест недели од студ или глад, бидејќи мајките ни до третиот ден од раѓањето не се поштедуваат од тешките полски работи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И така кога помина и шестата недела, рековме да оди Иљо, кој беше малку пошетан, зашто на времето, пред големиот бој, одеше на печалба – жнеење во Тесалија, а есента, по орање и сеење, одеше во Тракија да прави ќумур.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога поминаа шест недели, бидејќи веќе никој не верувашр дека Иле е меѓу живите, решија в црква да му дадат шест недели без поп.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но тој многу решително и неумоливо ги свитка коланите, го врза јажето за ловење и го закачи за седлото, ги врза кабаницата и капутот за задниот дел на седлото, а кожниот камшик го прицврсти за десниот зглоб.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ник Наполеон, големиот црнец-готвач, никогаш не се покажа способен да направи добри бисквити: еднаш, кога Ник готвеше на ранчот Вилоу, Сем беше присилен да избега од неговата „кујна“, по престој од само шест недели.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По шест недели ќе направиш голема молитва и после си слободна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И уште ѝ кажувам дека леунка до шест недели не смее надвор да излегува, оти шест недели гробот ѝ е отворен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Има, например, овде еден таков кој речиси целосно се распадна, но еднаш за некои шест недели тој сѐ уште ќе каже еден збор, секако бесмислен, за некаков си бобок: “Бобок, бобок” - но и во него значи, животот тлее како невидлива искра...“ okno.mk 157
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сѐ е сконцетрирано, според него, во сознанието и продолжува уште два или три месеци... некојпат дури и половина година...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)