шест (бр.) - ден (имн.)

Меѓу другото, кажал: „Работиме шест дена во неделата и секој ден е различен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И јадоа шест дена маскино месо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Како ти се чинеше тебе?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Позицијата, ете, дваесет и шест дена ја држам.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пред шест дена тие тргнаа во напад бодри, сигурни, најадени и напиени и додека не стигнаа на дофат на куршумот, се корнеа од смеа, раскажувајќи си шеги на сметка на грчките бандити и славомакедонските комунистички банди.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Коста е убав и умен, Коста е силен, шест дни Коста од Лена е постар а веќе е џин.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Шестиот ден изутрината, дотурот на ролничките се намали.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во чантата се наоѓаше книгата, што беше кај него веќе шест дена, но тој ја немаше отворено, дури ни погледнато.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На шестиот ден од Неделата на омразата, по парадите, говорите, извикувањата, пеењето, транспарентите, постерите, филмовите, восочните фигури, удирањето на тапаните и завивањето на трубите, по тропотот на чизми во марш, чкрипењето на гасениците на тенковите, брчењето на бројните авиони, пукотот на топовите, по шест дена исполнети со сето тоа, кога големиот оргазам наближуваше до својот климакс, а општата омраза спрема Евразија завршуваше во таков делириум што толпата, само да можеше да ги дограби оние две илјади евразиски воени заробеници што требаше да бидат јавно обесени на последниот ден од прославата, без секакво сомнение ќе ги раскинеше на парчиња со сопствени раце - токму во тој момент беше објавено дека Океанија сепак не била во војна со Евразија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мислевме дека е најјак човек на светот. „Сеедно, господ го создал светот за шест дни.“ Ех, Каине и Авеле... *
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Шест дни тој кај Господа на гости беше бил и скрбната душа кај него ја остави.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Меѓутоа, на седниот ден (ох, каква болка, ох, ужас) забележуваа оти сѐ што соградиле за шест дена, на седмиот ден им се уриваше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Градеа без престан шест дена. На седмиот седнуваа да отпочинат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Битно е да се истакне дека Ѓорѓиевски активно учествува во работата на синдикатот и е член на штрајкувачкиот одбор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По само шест дена од отпочнувањето на штрајкот, работодава- чот повикува на прекин на штрајкот и го повикува синдикатот на преговори.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По шест дена и ноќи се слуша: Алма Ата!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секој психијатар со минимум искуство знае дека тоа е невозможно, такашто, кога некој ќе му дојде со такви симптоми, тој не дијагностицира шизофренија туку хронична вознемиреност и слично.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Халуцинациите, наводно, треба да се сузбијат после шест дена, шизофренијата наводно се лекува, то ест симптомите се сузбиваат со инекции коишто, пак наводно, ги инхибираат менталните функции одговорни за промените што се сметаат како одраз на пореметувањето и кои се со самото тоа непожелни.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)