шеесет (бр.) - ден (имн.)

Тие луѓе беа затворени повеќе од шеесет дена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И видение јасно, светлина силна во умот ми се јави, па се состави мозаикот: ми стана јасно од какви причини го немало Лествичникот на закопот од неговиот татко, и разбрав дека отсуствувал шеесет дни и шеесет ноќи, токму колку што треба за да се потроши под нозете патот до Дамаск и назад, ми стана јасно дека го украл клучот од западната одаја, од рубата на неговиот татко пред овој да се упокои; и дека златниот клуч е умножение, дело на рацете на Амореецот; ми стана јасно дека Лествичникот, откако направил умножение на клучот, го вратил изворниот клуч во одајата на неговиот упокоен татко, и дека од тагата по таткото овој се лишил, само за клуч-близнак од одајата кобна да поседува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А кога платив петстотини златници вкупно за црниот отровен створ со крст на грбот, го зедов чудниот товар, кој од не знам какви причини, за Писмородецот беше поскапоцен од товари злато (оти рече ќе ме убие од биење ако не дојдам за шеесет дена) и тргнав назад.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Шеесет дена и шеесет ноќи траеше тој пат, од тргнувањето до враќањето, и јас ослабев сосем, кожата ми се затегна врз коските од телото, стапалата ми распукаа како калинки и крвавеа кога стигнав во Дамаск, на пазарот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога го прашале каде бил, рекол: „Жалоста од смртта на таткото мој ме прогонуваше шеесет дни и шеесет ноќи по патишта знајни и незнајни; и изодев многу патишта, и секаде го барав таткото мој, но никаде не го најдов.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дошол дури по шеесет дни, прав сиот, како на пат долг да бил.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И за шеесет дни и ноќи да се вратам!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нина Шчепкина објаснува: — Шеесет дена ќе бидете ученици, вели, и за тоа време нема штрафној55. 27.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)