Совршена е мојата интимности ранливост, барам божествена инспирација за создавање силни емоции и бесмртност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Совршена е болката кога после четириесет денови неподнослива агонија не ти останува ништо друго, освен со посигурен чекор да продолжиш кон новите патишта на судбината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
По четириесет дена душата ќе му летне горе и Бог, ако е лицемер, може и до себе да го прими.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Баба Добрица со Добрета ме крепеа да се довлечкам до гробиштана... леунка до четириесет дена не бидувало од куќи да излезе - ама душава не ми додржала.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Се расчу дека го обесиле во Брезница, а пред тоа го тепале во Желево...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Така му рекоа оние што доаѓаа ноќе да јадат и да спијат и што многу зборуваа пред луѓето.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Секој ден која куќа даваше три, која девет дена, која четириесет дена, која три месеци...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Така, жени, ете, си остануваме сираци и од стопани и од челад.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Коа разбрал царот оти толкуа дни 'и пасло момчето зајаците и токму му биле, се уверил оти ќе 'и допасит до четириесет дни и ќе му ја земит ќерка му.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Тогај се качило на еднио чардак момчето и обесило една вреќа; се качило на вторио чардак и обесило другата вреќа; се качило на треќио чардак и обесило треќата вреќа.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Виде - невиде царот, измислил еден друг маривет.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Коа чу царот оти било едно момче од долна рака (долна фамилија), недраго беше му паднало и не сакал да му ја даит, арно ама цар што ќе речи, збор назад не се враќа. што измислил царот еден маривет: зел четириесет зајаци диви и му 'и дал на момчето да 'и пасит; четириесет дни без да му загинит еден; токму четириесет пак да ѝ донесит.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Друг еден маривет беше измислил царот.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Коа му 'и пребројале, пак му биле токму четириесет, бидејќи момчето, откоа му го дало зајакот на син му од царот, беше му дал многу пари на еден ловџија та беше му ватил еден друг зајак жив и беше му ја прекршил ногата и на тој зајак како на друзите за да не можи да бега.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Секој што беше ошол, секој беше му 'и бројал и токму четириесет му биле зајаците, ниту еден не беше му избегал.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
А пак си купило од ловците друзи зајаци и пак беше £ стокмило четириесет и на четириесетте дни му ѝ однесол на царот сите четириесет.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Коа видел царот, се зарадуал дека го надлагал син му момчето.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Турците ја заклаа пред четириесет дни на ова исто место.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ме засакаа тамошните девојчиња па таму останав едно четириесет дена.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)