Се садеше што не се посадило, или се додаваше на тоа што веќе беше посадено - уште некоја леа пипер, четири реда патлиџан, два трапа барбуња, едно парче големо колку да се растркала магаре, крастајчиња, блиску пред куќата жените ги садеа или ги пренесуваа веќе порано посадените џунџулиња, пркоси, париња, сивци, гербери.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Нас, постарите, не натераа трите влеза да ги заградиме со четири реда бодлива жица.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
На пример, зошто да не речеме дека во Качување и слегување има само четири степена (четири реда скали) наместо да тврдиме дека има четириесет и пет нивоа (скалила)?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Нѐ построија во четири реда и нѐ одведоа во една фабрика за обработка на рудата сљуда.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Електричната греалка која имаше четри реда, грееше само со едниот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)