четворица (бр.) - гемиџија (имн.)

Пред него биле изведени повеќе лица, меѓу кои биле и четворицата гемиџии.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кај муслиманите владеело општо мислење дека животот на четворицата гемиџии ќе биде поштеден како одговор на помилувањето што го извршил рускиот цар на убиецот на рускиот конзул Шчербин.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сметката што си ја направил Кирков била проста: само четворица гемиџии со по една бомба фрлена во поворката што го придружувала телото на убиениот конзул на Европа и на Турција можеле да им направат далеку поголема штета отколку минирањето на Банката и другите динамитни акции.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Значи, останале четворицата гемиџии и една гурпа македонски селани обвинети по повод диверзијата извршена при Ангиста од Г.Делчев.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)