– Секој од вас дванаесетте души ќе соберете од по тројца свои луѓе – комшии и ќе ми ги донесете за еден саат овдека на сретсело; разбравте?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Постелена како за на свадба, со повеќе ложници, здиплени во неколку ката, со осуммина мажи, кои одеа по неа, и со една жена, Трајана Дамческа, мајка му на Ѓорета, која ги водеше воловите, колата тргна од срецело.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тогаш, кога Ѓоре Дамчески Џаџоски рече дека се согласува да ја отера бомбата во Прилеп, Крсте Јанчески, војводата, иако во постојани сфатки со Дамчески, дали за инает на полицајците, или за овојпат да си остане таков каков што беше секогаш, праведен, одреди уште петмина мажи, меѓу кои и најмалиот од тројцата свои синови, Тодија, да отидат на Црн Камен и да им помогнат на првите тројца да ја натоварат бомбата на колата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тешко може да се објасни зошто П. Шатев, кој ги изнесува главните моменти од истражниот затвор, ништо не кажува за другите тројца свои другари.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)