Си ја избра самотијата останувајќи како мало семејно сонце околу кое требаше да гравитираат малите семејства на преостанатите тројца синови и на ќерката.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Глупаво ќе беше од него, внук на еден од тројцата синови на Исхак бег, најголемиот градител на Скопје, да не отвора очи и уши.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Овој бег, со своите тројца синови, додека тие не се раскараа, ги надгледуваше сите дубровнички трговци кои минуваа низ Скопје, и тие му плаќаа данок.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Си приспомнуваше со сочувство за срамот што го снајде татко му Мустафа-паша бег, еден од тројцата синови на славниот Исхак бег, кога ги изведе браќата пред шеријатот, барајќи право во наследството и вакафнамето.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Грижата за светите книги ѝ ја остави на Мајка, а таа на секого од тројцата синови им даде да носат по една света книга, кој Библијата, кој Куранот, кој Талмудот, верувајќи дека Бог ќе ги спаси кога ќе ја минуваат границата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога Османлиите го освоија неговиот Сигет, војсководецот Иса-бег, еден од тројцата синови на прочуениот Исхак-бег, кој потоа и загина на Лебното поле во битката меѓу турската и унгарската војска, го довлечка во Скопје запленетиот саат што го симна од саат-кулата на Сигет.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)