тројца (бр.) - брат (имн.)

Доаѓаа некои роднини, познати и непознати, пријатели или непријатели од секаде на минување и раскажуваа различни прикаски за нејзините тројца браќа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Луѓето се бореле и со нокти и со заби, за една глава барале две: на малите народи една глава им е поскапа од три непријателски; ќе убиеш тројца, четвртиот тебе ќе те доака; ти гниеш во гроб, тој делка дечиња - тројца браќа му загинале, четири дечиња ќе изделка; ти ни род ни пород, тој сѐ може.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така тие го сардисале гратчето со пушки и топови: истрел - крик, писок на сабја - писок на пресечено грло.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Цар Соломон беше и натерал да ја напраат црквата света Свети и беше натерал да држат еден голем камен во Св. Свети на ава, за да се прикажува до ден денеска.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еден ден дојдоа гуша за гуша да се фатат и да се истепаат помеѓу себе.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сторија така и едно дошле трчајќи до Соломона, намавнал со стапчето и 'и отепал сите тројца браќа ѓаоли и си освојал сите ствари.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
ТРИТЕ ЃАВОЛИ И ЦАР СОЛОМОН Му умрел татко му на тројца браќа и беше му остаил четири стварој: една шапка, едно железно стапче, едно рало железни опинци и една шупелка.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Си било што не си било. Си биле тројца браќа, најмалио бил ќелеш.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тие тројца браќа си имале една бавча со секакви јемиши; стреде во бавчата си имале една јаболкница што му раѓала позлаќени јаболка.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Дневниот весник што го објавуваше коментарот беше во сопственост на еден од тројцата браќа на генералот Стојан.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Утредента тројцата браќа ги префрлиле преку рамо токмаците и казмите и тргнале накај кулата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Си биле тројца браќа, кои се зафатиле да изградат кула од којашто ќе ги следат турските зулумќари.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш таа плеснала со рацете за да ја викне жената на најмладиот брат: ’Јатрвичке наша најмлада, ѝ рекла, невесто мила на млад ни девер, ајде место нас однеси им јадење на мажите, чунки патот е долг а нам нозете ни се папсани, та ние веќе не сме млади и лесни како тебе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, српскиот селанец гледа само една причина за таквата несреќа: тој знае дека куќата ќе падне ако во темелите не се заѕида машко или женско, чии коски до Судниот ден ќе го држат врз себе тоа претешко камено месо.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И тројцата браќа ги одликуваше изразита мудрост, такт, луѓе на рамнотежа во југословенската федерација и дипломатија, кои дадоа несомнен удел во тие времиња.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Подоцна се запознав и со третиот брат, амбасадорот Фаик Диздаревиќ, кој беше амбасадор во Алжир, а подоцна и во Шпанија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа била миленичка на татка си, имала тројца браќа и сестра, но ѝ останал само еден брат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Оваа легенда старите ја поткрепуваат и со заедничкиот селски панаѓур (слава) свети Атанасија зимни, кој го служат сите три села, како некогаш што го служеле сите тројца браќа — Раде, Гале и Вите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа така си кроеше: тројца браќа се: Стојо, Илко и Трајко; три куќи; три таками за куќите. Море — волови; море — овци; море — товарни добици, пашита, море — нивје за тројцата браќа, три пералника, три месариика, три ѓума, три тави, шест тепсии.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Неколку години Илко оди јаловар, беа ќаи со бацка му Стоја; ама годинава ги сместија овците на руга кај Стрико Маловите, та сите тројца браќа тргнаа по полска работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Легендата кажува дека многу одамна, а кога — не се знае, живееле долу крај реката Црна во селиштето Разлог тројца браќа: Раде, Гале и Вите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Куќи си имаат сите тројца браќа, посатка, чакар — бакар, сѐ си имаат натокмено, токо од милос помеѓу себе не се делени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така, над Нешка се тресеа во училиштето, покрај даскалот Бина, уште тројца браќа: едниот роден, а двата повеќе од родени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама сѐ, сѐ имаше стокмено за сите тројца браќа, та дури и три поскурника и три толчника беа настаменети. Секому по толку.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Личеа како тројца браќа, беа исушени и рано остарени, три плода без сок, безмилосно шибани од ветар и дожд.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ние тројцата браќа одевме таму да го чекаме, тој не се погоди да дојде токму во тоа време кога ние го исчекувавме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Бевме едни мршави како рошки какви што бевме ние тројцата браќа и џбитаци каков што беше Љакето кој личеше на боримечка.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Така ние со крстот, со знамето и со камбаната во нашето село го донесовме и компирот и ние тројцата браќа видовме што се пржени компирчиња.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)