тројца (бр.) - ги (зам.)

Уште две љубовни истории ја потресоа Потковицата, и двете носат печат на времињата на завојувачите и тие такви, морничави, печати отиснаа во душите на жителите на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Другиот ден тројцата ги закопаа, Димка и мајка му во еден гроб.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И тројцата ги однесоа кожите издупчени и тоа Муто и Алија на по едно место, а Салија на десетина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Утредента сите тројца ги јавнаа коњите, и бргу бргу отидоа да се лекуваат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите тројца ги ококорија очите и од зачуденост и од задоволство.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сите тројца ги имаат истите движења на телото, насмевката и погледот. Долгите нозе, истуреното стомаче.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Повисокиот од тројцата ги подигна рацете и, мавтајќи, одвај не смири.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Жената и се откина од рацете и, кривејќи, излезе од редовите, застана пред сцената и викна: - Синдрофе!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го чуваа само за децата, а тие тројцата ги тутнеа дните со неколку желади дневно, колку да не бидат без ништо во утробите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ја спружив кон Турците и сите тројца ги турнав од чикмето.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)