тројца (бр.) - има (гл.)

- Сепак, мајче, четириесет и тројца имаме запреги да пренесеме товар и од подалеку, од гробот Христов ако сакаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тројцата имаа силни врски со некогашното Отоманско Османско Царство, било семејни, било професионални, но најсилно ги поврзуваше заедничко чувство што и покрај сите повици на судбината, не заминаа за Цариград.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сите тројца имаа суви, студени раце а на улица дождот без мака го проби неговото и онака влажно палто.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Ќе работиме и за другите села, се замешал вториот; и тој бил Онисифор, само со поинакво второ име: го викале Мечкојад, му се тргале од пат, повеќе му се плашеле отколку што го сакале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ние тројцата имавме потреба еден од друг како никогаш дотогаш во животот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)