Побара, од сета војска да останат само триста души, а командата да ја земе забитот од редовната војска и да работи со неговата согласност. – Вие – им рече – ефендии, одете си и спијте си слободно.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- Еве што марифет имаат - му рекле, - честит царе; шапкава да ја клааш на глаа никој не можи да те видит; опинциве да и обуеш, сета земја во дваесет и четири саати моиш да ја изодиш; со шупелкава да засвириш, сите ѓаоли можеш да 'и собереш; а со стапчево да намавнеш триста души наеднаш моиш да отепаш.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Појдете сите тројца на онаа планина и сите веднаш затрчајте се: кој ќе дојди побрго, да си земи два ствара од што ќе го бендисат, а тој што ќе дојдет по него да земит од двата ствара пак што ќе го бендисат, а најпосле што ќе дојдит, најпоследнио ствар да го земит.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)