триесетина (бр.) - ученик (имн.)

Излажав пред триесетина ученици, дојдени и собрани од разни места, излажав, колку што се сеќавам, за да се направам важен, да се истакнам некако пред тие непознати деца.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
На крајот Влатко даде интересна информација: „Нашите другарчиња од Основното Училиште „Владо Тасевски“ се најдоа на страницата „Колибри“ во рубриката Учениците и екологијата, ќе ви прочитам еден дел од статијата: - Секоја сабота, ама буквално секоја, по околу триесетина ученици, пред сè осмооделенци, раководени од нивниот наставник по географија Ѓорѓиевски, одат организирано на Водно и уживаат во убавата природа. таму наоѓаат разни тревки, интересни растенија и шумски плодови.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во одделението сме триесетина ученици.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Од неодамна во ОУ „Димче Габерот“ се формира еколошка секција во која учествуваат триесетина ученици.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)