Во ишчекување поминаа дваесет — триесет минути.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ако не ви се смачи по триесет минути, ако не ви се смачи по шеесет минути, по деведесет - на крајот ќе бидете восхитени!
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во три часот и триесет минути по полноќ главнината мора да се најде на ридовите на селото Крчишта.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Утревечер, во 20 часот и триесет минути, ќе тргнат во акција за пробивање на непријателскиот обрач, тука, во Гинова, кота 1435 и по пробивот, без никаква задршка, трчаница и само трчаница во насока Калевишта - Ревани - Шак - Ново Село – Крчишта - Лабаница - Смрдеш.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во осум часот и триесет минути нашите единици во реонот на селото Крчишта мора веќе да имаат создадено силни одбранбени точки со цел да биде заштитена фалангата која во попладневните часови мора да се најде во полето на селата Косинец и Лабаница, а главнината во селото Смрдеш и натаму кон Брезница - Руља - Желево каде ќе бидат пречекани и снабдени со храна и оружје од нашите тамошни единици за што - тој погледна на часовникот - веќе во ова време Кикицас верувам стигна таму и ги дава соодветните наредби...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во нула-нула часот и триесет минути на 21 август, подвлекувам и запамтете добро, во нула-нула часот и триесет минути низ направениот отвор во одбранбената линија на противникот тргнува главнината на нашите единици.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Мерено според тамошниот календар, околу седмиот или осмиот ден ноември – значи, приближно по триесет минути – заврна, ситно и густо, есенски.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- Да имавме пушка, ќе имавме и вечера.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Пред портата борбата не траеше малку. Аскерот се собра десет на еден бунтовник, та макар со скапи жртви, за неполни дваесет триесет минути веќе секој бунтовник имаше врз себе десет и петнаесет војници.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)