триесет (бр.) - ден (имн.)

— Токо гледајте поевтино да поминиме. Та ќе вршиме триесет дена, ќе сме дале триесет брави, триесет погачи, триесет ведра млеко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За овие дваесетина — триесет дена Толе организира известувачка служба од сите села, та уште кога Бахтијар излезе од Прилеп, тој ја разбра работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Значи, ќе ме газат и мене агите! — си промрмори тој и им ја пренесе новината на војводите во Градешница.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога ќе се вратиш?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ние многу ја сакаме, таа ни е единствената баба, ама ден и ноќ, триесет дена и триесет ноќи со неа, тоа значи триесет илјади, море како триесет илјади, триста илјади прашања: каде одиш?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бројот на олошот е зголемен откако смртната казна е преиначена во доживотен затвор во траење од триесет дена.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Мајка Ервехе го распоредуваше брашното за сите триесет дена во месецот, а нешто оставаше и за семејствата кои беа посиромашни од нашето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дури по истекот на овие триесет денови се јави брат ми: “Слушај, рече, поќе не ти се јавам за ѓоно!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)