Вчера околу полноќ, онака, веројатно, околу десет и четириесет и пет... а не, ќе ве излажев... околу единаесет и три четврти јас се враќав од кино по вашиот плоштад и, значи, ене онде, неколку чекори од вашата куќа, од другата страна, - знаете, каде што е киоскот, - при светлината на уличната светилка, гледам, - и не можам на очите да си поверувам - стои со цигара в раце Барбашин.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)