Во Мајкините реликвии, во малиот ковчег, покрај каталогот на римската стоковна куќа Ла Ринашенте, од пролетната мода на Италија, неколкуте стари италијански весници, стари фотографии, трите заборавени знамиња, се наоѓаше и врската со клучевите од напуштените куќи крај морето и крај езерото, како и едно старо посребрено огледало кое го наследила од мајка си која никогаш не ја видела.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тие две дамнешни патувања, првото во Грција, во Јанина и во Солун, а второто, во Италија, со Татко, се обидуваше да ги задржи како мигови на вечноста во себе, сосе реликвиите кои не престануваше да ги носи со себе, какви што беа нејзиното сребрено огледало, наследено од мајка ѝ која никогаш не ја видела, каталогот на стоковната куќа Ла Ринашенте и, сега, овие три заборавени знамиња на некогашните држави во војна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)