три (бр.) - час (имн.)

Од 65. до 67. спиев само два или три часа на ден, но сретнував луѓе кои воопшто не спиеја и кои говореа работи како: „Еве веќе девети ден! Баш е супер!“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
По пат Тејлор ми раскажуваше за некој млад фолк пејач со име Боб Дилан кој во тоа време веќе имаше еден или два албума, но сѐ уште не беше доволно познат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Така, можев да си замислам како се чувствуваа оние што земаа вистински работи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Одалеченоста на местото за спуштање била три часа од Црвена Вода.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Времетраење на дејството: Се разликува до крајности во зависност од начинот на кој се зема, чистотијата на дрогата и зависноста на корисникот, 138 Margina #8-9 [1994] | okno.mk но најчесто помеѓу 30 минути и три часа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Времетраење на дејството: помеѓу два или три часа додека се достигне кулминацијата, ефектите обично траат до 12 часа во зависност од неговата чистотија. Законски статус: Класа А. 134 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во три часот и триесет минути по полноќ главнината мора да се најде на ридовите на селото Крчишта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Три часот по полноќ. Деветнаесетти август. Учесниците на советувањето еден по еден ја напуштаат зачадената просторна земјанка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Истиот миг кога завршија демонстрациите, тој отиде право во Министерството на вистината, иако беше речиси дваесет и три часот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури во дваесет и три часот, кога веќе беше дома и во постела - во темнината, безбеден од телекраните сѐ додека беше тивок - беше во состојба да размислува непречено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Веројатно поминаа два или три часа откако го доведоа во оваа ќелија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите во Одделот за документација работеа по осумнаесет часови во дваесет и четири часа, со два прекина од по три часа за спиење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Забележа дека многу му се моча и почувствува извесно изненадување, затоа што мочаше пред само два или три часа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тоа се уверив кога осумдесетина километри пат, од Амстердам до Хаг, со кола ги минавме за три часа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Џуџето Муртко“ – си дофрлаше секое утро во огледалото иако ѝ беа доволни само три часа добар сон, весело да запретка во постелата, дури и кога утрото е студено како зимска ноќ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Попладнето, околу три часот, требаше да тргнам на пат кон мојот нов дом.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Збоктисана ми е теренскава работа и патувањево, па чекај три часа таму, па три ваму. Во чекање ми поминува денот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, така е кога твојот свет трае најмногу два до три часа дневно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во домот за стари и изнемоштени лица, едно бабиче, што не знае ни како се вика, секое утро се буди, ја зачешлува косата, става карминче со растреперената рака и со чадорчето постојано прашувајќи: „Да не помина три часот?“, седнува во паркот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Бев и до Охрид по широката калдрма од бел камен, сѐ крај езеро. Осум илјади чекори. Патот го поминавме за три часа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Патот го поминавме за три часа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога се крева завесата Митре е испружен на миндерот потпрен на една перница и задуман пуши, додека Мара ги прибира последните остатоци од голема софра на која вечерале жетварки. Време околу дваесет и три часот.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Некаде околу седум часот, три часа откако пукала во мене, се предала на полицаецот на Тајм Сквер.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но тогаш еден ден Лу Рид влезе внатре и остана таму полни три часа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Изминаа веќе три часа откако Ева се обидуваше да го скине сочното јаболко, кое речиси доземи ја беше навалило гранката на старата јаболкница, а сите мислеа дека таа никогаш повеќе нема да раѓа плодови.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Служителот ме заборавил и ме оставил три часа повеќе во пустата училница.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Седев и три часа го пеев украдениот програм на Ралфи.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Франц стоички го поднесува тоа, но, ги набљудува тестирањата со чудесна жестина. 162 okno.mk Во три часот по полноќ „Хаба“ е на врвот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Останала со трајни оштетувања на мозокот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Три часа - два и пол, во секој случај - слаткасти разговори, додека срцето од грижа цело време е стегнато како тупаница.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Влегувавме во два часот попладне, ги затвораа вратите, а филмот почнуваше по два или три часа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таа има обичај да рече дека нејзината работа како правник е од оние „од седум до три часот“ и дека, откако ќе ја заклучи фиоката од работната маса во нејзината канцеларија, го заклучува и мозокот, па дома си доаѓа мирна, што се однесува до службата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А, незгодата беше во тоа што Нерка си замина во три часот, татко ми се јави од Болница и рече дека непланирано мора да дежура, па така, дома ќе си дојде дури утре претпладне, а мајка ми никако да се врати од работа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога се стрпив неполни три месеци, бев готов да се стрпам и три часа, си помислив во себе, додека шефот на протоколот го напушташе салонот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кој ли можеше да биде, браќата штотуку излегоа, требаше да се вратат точно по три часа, срцата ни беа часовници.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Па повеќе од три часа бев на еден собир на кој стручњаците се трудеа да ни објаснат некои работи. Беше многу интересно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Со циркуското камионче влезе во дворот на болницата и таму изведе чудесна претстава која траеше речиси три часа, во која затвореничките уживаа од терасата, со безобразни дофрлања и претерани овации.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш почна постојано да го бара по телефон, во почетокот на секои два или три часа, од шест наутро до доцна во ноќта, а потоа секојпат кога телефонот му беше при рака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Четирипати го враќаше без да го отвори и без никаков коментар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сатурн не можеше да се ослободи од желбата да ја праша дали таму случајно живее некоја госпоѓица Марија. – Овде не живее никаква Марија – му рече жената.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во три часот наутро, Чарлс беше сѐ уште буден во својата малечка соба.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Да чуеме“, рече најпосле. И знаев дека сега ќе разговараме, како што секогаш разговаравме, цели три часа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ако некој ти провали во куќата во три часот наутро, ја креваш телефонската слушалка, бираш 0.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го држиш пиштолот и клечиш на креветот или на подот, и викаш, Вешто ракувам со полу-автоматско оружје. живеам на Еден Еден-Три четири Источен Холи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ова му го кажуваш на телефонистот што ќе ги повика цајканите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Немаш време да избереш 92.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)