три (бр.) - сестра (имн.)

Овие игри му причинуваат многу поголемо задоволство отколку часовите во приватната академија Јулијан.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не го положува приемниот испит во Ecole des Beaux-Arts (школа за убава уметност) и се враќа во Руен (каде се наоѓаат неговите родители и трите сестри).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Среќа наша што наишол вечерта во Маврово, видел дека куќата ни е осветлена, па наминал да нѐ поздрави.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
До доцна, таа ноќ, си раскажувавме што и како се случило, и не се знаеше кој е повозбуден и посреќен, ние со Дена или трите сестри заедно со чичко Љубе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Работата не е во ова, туку во тоа, што ние се распаѓаме во оваа зафрлена опстановка, како три сестри.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тука беше напишала и за тоа дека од минималната плата на татко ѝ, работник во железницата, се издржувале трите сестри и невработената мајка.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој контик ја грабнал едната од трите сестри на Синадин Побожјански и, по малку време, бил убиен зад Лисичија. Виновникот Исидор бил наденат на кол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бил некој Казим, внук на Јонуз Речанец, потурченик и борец од времето кога Пиколомини го палел Скопје.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чудно, овие три сестри, две од нив близначки, никој не би рекол дека се сестри ако заклучува по надворешниот изглед, дури ни за близначките, ама ако малку подобро ги загледаш ќе откриеш една светлинка во нивните очи, еден проблесок што ги врзува толку силно и од нив трите излегува едно стебло!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Беа тоа роднините на мајка ми, трите сестри на баба Лена: Веца, Наде и Ката, и брат ѝ Ангеле, со баба-вујна, како што Бреза ја нарекува жена му Слободанка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Дошол царцкиот син при царицата да види што родила и тие беа му рекле: - Ти биди жив, честити царе, оти сестра ни наместо дете ѕвездалија да роди, ти роди едно куче.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Дури се повалија трите сестри, царев син беше 'и слушал и отишол дома, та пратил стројник и ја зел помалата сестра.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Поминал пред една куќа кај што стоиле три сестри на едно пенџере и го виделе сите три сестри: Поголемата рекла: - Ах, мори сестри, да знаит царскиот син што мајсторија имам јас, веднаш би ме зел за невеста, оти со мајсторијата јас што ја имам, не ќе му требат брашно за месење леб, чунки можам да замесам една погача, што сиот аскер да јадит и пак да не се битисат погачата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Потоа одново молчевме. Бавно ја сркав супата од леќа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа рече: „Ние сме три сестри – Ели, Вали и јас. Сите сме овде. Имавме и брат. Франц.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)