Тој тргуваше со нив како Јаков Евреинот со јагнешките кожи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Рифат од Острец над Битола се соортачи со Расима и ги прати неговите качаци некаде по Арнаутлакот и тие за неколку дена донесоа секој по две три пушки, купени по половина лира или опљачкани од колибарите; Рифат му ги продаде на Раифа по лира, a овој на Митрета по две.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Арамиите го извлечкаа ранетиот другар надвор од селото, утредента Сиве стори абер на мудурот од Витолишта, ама реши да се исели од Будимерци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Стрина ми Риска, бремена, легната на самата врата, ѝ беше жешко, но одеднаш рипна како исплашена и ми вели: А бре, Миле, три пушки пукнаа во сон и се разбудив.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
На рамото секој носеше по две, три пушки. Некои пак влечкаа сандаци со муниција.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Грмнаа пците в село, a по малку се слушнаа две три пушки од разни краишта на селото.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во тој момент Толе цмокна со устата и сите три пушки наеднаш пламнаа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)