Во оригиналот, кој што Дишан го започна во 1915 година, и намерно недовршен го потпиша 1923, горниот дел од стаклото - наречен „Невестински дел“ - е одделен од долниот „ергенски дел“ со три парчиња стакло, поставени хоризонтално: според белешките на Дишан за ова дело, овие три парчиња треба да ја претставуваат облеката на невестата. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 103
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Везењето го почнав на полна месечина, по редот завезов три парчиња - едното го фрлив во Серава да го однесе, другото в огин го изгорев, а третото парче, еве мајстор Миклош, сега тебе ќе ти го дадам, оти таков е обичајот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Јукстапозицијата е во согласност со желбата на уметникот нештата од природата да бидат гледани низ заплетканите детали на неговата сложена конструкција, дело кое има интенција да претставува механичка метафора за меѓучовечките сексуални односи.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Потоа го развиткаа кетинот, долгото бело платно кое секој муслиман, преку целиот живот си го носи во чалмата врз глава, и од него, луѓето одредени за овој обред, исекоа и направија, без шиење, три парчиња за главата и градите кои ги врзаа едно со друго, така приготвувајќи го покојникот за заминувањето од овој привремен свет.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)